Нови надежни имиња и модерна музика од првата вечер на „Макфест“

Вчеравечер, петок (21 октомври) се одржа првата вечер од 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Во домот на културата „Ацо Шопов“ настапија 13 помалку афирмирани македонски музички имиња, но доволно атрактивни со модерни песни кои оставија впечаток на прво слушање.

Вечерта со хип-хоп танц на макфестовски песни ја започнаа водителите Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.По неколку композиции во блок се претставија предвидените нови песни и изведувачи за вечерта, по што беше најавено дека петте кои ќе ја добијат довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота, односно денес (21 октомври).

На официјалната Инстаграм страница на фестивалот денес се објавени и петте избрани кои ќе се помешаат со веќе добро познатите популарни македонски музички имиња. Во најдобрата петорка се најдоа:

-Александра Трајческа, Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ.

Во ревијалниот дел пред крајот на вечерта настапија Силви Бенд и Лидија Коовска кои со изборот на добро познати македонски евергрини ја распеаја публиката, а сигурно и гледачите пред ТВ еканите кои го следеа директниот пренос на МТВ

Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и споменатите избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.

Scroll to Top