Музичката критичарка, новинарка, публицист Бранка Костиќ Марковиќ е позитивна на корона вирусот, а таа оваа информација ја сподели јавно на нејзиниот фејсбук-профил. Таа во објавата пишува дека со нејзиното семејство направиле тест поради превентива, а резултатот кој го добила ги изненадил.
“Драги пријатели, сакам да ви соопштам дека утрово стигнаа резултатите од тестовите на КОВИД-19, мојот и на мојот сопруг. Јас сум позитивна, а тој е негативен. Никој дома, ниту нашите блиски немаат симптоми. Се тестиравме зашто мојот сопруг е универзитетски професор во Белград и требаше да планира во следниот период да замине во Србија за да ги одржи испитите со студентите со кои целиов овој пандемиски период држеше предавања онлајн. Заради превентива (да не’ остави дома со „раат“ дека сме добри, а и дека тој ќе оди здрав преку граница, иако без никакви симптоми, но и заради заштита на колегите во Србија), решивме да се тестираме. Но, еве, бевме изненадени од резултатот.
Ги известивме сите во потесното и поширокото семејство, пријателите и соработниците, а утре го очекуваме и брисот на нашиот син. Се разбира, следните две седмици ќе бидеме во изолација Чувајте се, зашто и при голема претпазливост не знаете од каде може да се протне вирусот.“, напиша Бранка Костиќ Марковиќ.