Денес е затемнувањето на Сонцето со младата Месечина. Жителите на Чиле и делови од Аргентина денеска ќе бидат сведоци на целосно затемнување на Сонцето. Природната појава ќе биде видлива прво над Тихиот Океан во 13:01 часот по локално време, а над брегот на Чиле – во 16:38 часот, соопшти чилеанскиот астрономски центар.
Поклопувањето на Месечината и Сонцето ќе трае околу две минути. Притоа, температурата ќе се спушти за три или четири Целзиусови степени.
Според нумерологот Мими Силјановска-Главиновска, оваа природна појава има и нумеролошко значење. Нумеролошки гледано, сончевата еклипса, односно затемнувањето се случува на 2. 07 2019 и тоа одговара на бројот 21.
„Тоа значи дека 2 е месечина, а број 1 е сонце. Ова се случува во седмиот месец (јули) во знакот на рак, астролошки гледано. И ова се соларна еклипса која носи конфликти меѓу две држави, глобално муслиманска и христијанска. Тоа значи дека треба да се очекуваат голем број терористички акции на светско ниво“, вели Мими. Таа додава дека можни се поплави и земјотреси во држави кои се до големи води, односно мориња и океани, а на тоа укажува бројот 7, односно месецот јули.
„Соларната еклипса на овој датум, но влијанието на овие прогнози важи во овие три дена и ќе бидат посебно изразени на 3 и 4 јули“, вели Мими и додава: „Ова е целосна соларна еклипса. Да беше делумна ќе беше многу полесно. Посензитивните луѓе може да се чувствуваат повознемирени или нервозни. Бидете трпели и без многу тешки зборови поради кои можете да зажалите“, вели нумерологот Мими, која во мај прогнозираше кој ќе победи на претседателските избори во Македонија и погоди дека Стево Пендаровски ќе биде претседател. Таа со години наназат во 99 проценти погодува кој ќе победи на политичките избори кај нас.