Беким Бајрамоски 44 годишниот новинар од Лабуништа е првиот медиумски работник во земјава кој почина од коронавирусот. Тој бил вбработен во локалната телевизија Спектра во Лабуништа. Само во Лабуништа досега од коронавирусот починаа 16 жители, а во целиот струшки регион вкупната бројка е 20 починати. Од Центарот за јавно здравје во Охрид соопштија дека Бајрамоски најверојатно се заразил од контакти во неговото семејство. Но оттаму се жалат и дека натаму имаат проблеми со многу жители кои ги кријат симптомите или не кажуваат со кого имале контакт и затоа бараат помош од полицијата. Во Струга во моментов има 12 заболени од Ковид 19, од кои еден е од Лабуништа, а дневно се прават околу 20 тестови.