Од Примавера до покривот на светот, Интер му го честиташе 40 роденден на Пандев

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го прослави својот 40-ти роденден. Роденденот го прослави заедно со децата кои тренираат во Брера Струмица и доби убаво изненадување од сите во клубот. Бившиот капитен на македонската фудбалска репрезентатција доби посебна честитка и од Италија.

Неговиот поранешен клуб Интер му честиташе исто така со порака.

„Од Примавера до покривот на светот. Среќен роденден Горан“, му напишаа од Интер клубот кој му даде шанса, прво во својот Примавера тим, а потоа и во првиот со кој успеа и да ја освои Лига шампиони и стана европски и светски шампион.

За потсетување, покрај Интер, Пандев играше уште во неколку клуба во Италија, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова.

 

 

(Видео) Пандев славеше 40. роденден во Струмица со фудбалерите од клубот Берера: Спектакуларен пречек и торта со неговото презиме

 

Scroll to Top