Од рак на белите дробови почина Драги Шпага

Почина Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги – „Шпага“, на 52 години по  кусо и тешко боледување. На Драги му беше констатиран карцином на белите дробови. Скопјани и го паметст со години наназад уште од средината на деведесеттите години, од ноќните излегувања и светкавите костуми со кој излегуваше во град. Беше дел од реалити шоу и глумеше во еден македонски порно филм.

Драги Шпага во 2004 година беше дел од првото реално шоу во Македонија, „Тоа сум јас“. Тој победи во првата сезона од шоуто. Откако стекна популарност Драги Шпага стана лик за кој зборуваше и го познаваше цела македонска јавност. Тој се појави и како актер во порно филмот „Жена ми Мира пак маструбира“.

Драги Христов во време на пандемијата се соочил со потешкотии со Ковид каде бил пренесен во болница. Во последната година тој имал и проблеми со бубрезите, при што одел на дијализа.

Според негови блиски Шпага на една дијализа неодамна му се слошило, па му биле направени детални прегледи при што му било констатирано дека има карцином на белите дробови во поодмината фаза.

Scroll to Top