Од рак почина македонскиот фудбалер Ѓорѓе Џонов

Македонскиот фудбалер Ѓорѓе Џонов (30) почина по две години борба со рак на белите дробови.

За неговото лекување подолго време се собираа средства преку донации бидејќи лекувањето беше во Турција, а чинеше околу 100.000 евра. Во оваа хуманитарна акција беа вклучени спортски и медиумски работници, кои постојано апелираа да се соберат потребните средства.

Џонов е роден во Пирава и имаше забележителна кариера. Беше фудбалер на Силекс, Металург, Беласица, а негов последен клуб беше Кожуф од Гевгелија.

Scroll to Top