Се сврши Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. По долга врска тој ја побара за жена неговата девојка Јана, а веста ја објави на социјалните мрежи.
„Од сега па за навек“, напиша Иван, кој е со поинаков имиџ од претходно кога беше во некој рок фазон.
Неодмна тој ја промовираше неговата поетската книга „Невино време” која ја промовираше пред неполн месец, а најави и нова збирка во која ќе раскаже како се чувствувал во љубовта со Јана.