Одбојкарот Љафтов стана татко, сопругата Ана се породи во Италија

Одбојкарот Александар Љафтов и неговата сопруга Ана добија син, а му го дадоа името Алексеј. Ана се породи во болница во Италија бидејќи Александар од лани игра за италијанскиот клуб Равена. Репрезентативецот објави и прва фотографија од синот со хаштаг „толку се можеше“.

Ана и Александар во текот на летото објавија дека ќе станат родители. Тогаш направија и забава по теркот на американските журки за да го откријат полот на бебето.

Ова е прво дете на одбојкарот и неговата сопруга, кои се во брак од 2019 година.

Scroll to Top