Одличен концерт на Дарио за 30 години добра музика

Во одлична атмосфра со сите оние познати хитови на Дарио и по некоја чашка вино, уште една незаборавна скопска ноќ пред „Сити мол“.  Музиката која ги спои генерациите, незаборавните рефрени на „Ладна како камен“, „Косоока“, „Безобразно лажам“, „Армија“…беа пол погодок во петокот вечерта и убав времеполов низ 30 години. Песните на Дарио не искочиле од мода, а скопјани уште еднаш покажаа дека се секогаш тука за добра забава.

„Атмосферата и жарот на мојата публика ми дадоа надеж дека убавите и ‘нормални’ времиња се сè уште тука некаде, во нас. Петочниот концерт беше временска машина со која заедно патувавме 30 години низ времето и пак се вративме назад. Бевте фантастични, капа доле, ви благодарам уште еднаш“, рече Дарио.

Фото: Фејсбук

 

Scroll to Top