Оглас за работа во Србија: се бараат комуникативни личности да работат на гробишта

Оглас за работа на Јавното комунално претпријатени „Горњи Милановац“ во Србија стана хит на социјалните мрежи . На својата официјална веб-страница објави дека бара комуникативна личност која ќе работи во позитивно опкружување на гробишта.

„ЈКП Горњи Милановац поради зголемениот обем на работа огласува потреба од привремени вработувања на работници за отстранување отпад и работници на гробишта. Доколку сте комуникативни, одговорни и заинтересирани да работите во позитивно опкружување, можете да ја испратите вашата биографија на адресата Војвода Мишиќ 23. Станете дел од нашиот успешен тим“, стои во огласот.

 

Scroll to Top