Огнен Здравковски е новиот пејач на „Браво бенд“

Од неодамна групата Браво бенд“ има нов член, поп-пејачот Огнен Здравковски, кој е еден од најдобрите машки вокали. Групата и пејачот соработувале и порано, ама овој пат решија и официјално да се спојат и во иднина тие ќе настапуваат под името Огнен Здравковски и „Браво бенд“.

„Долго време бев во потрага по бенд и мислам дека сега се склопија коцките. Добив понуда од ‘Браво бенд’ и да бидам искрен не се двоумев многу, бидејќи со нив се познавам долго време, сме соработувале заедно, а она што е најважно, тие се извонредени музичари“, ни рече Здравковски.

Задоволството не го кријат ниту членовите на бендот. Тие велат дека нивните планови се големи и дека допрва публиката ќе види за што станува збор.

„Со Огнен се познаваме долго време и воопшто не ни беше тешко да се договориме. Седнавме, разговаравме, сфативме дека имаме исти амбиции, исти планови и по неколку минути си подадовме рака дека започнуваме со соработка“ , велат од  „Браво бенд“.

 

Scroll to Top