Опериран фудбалскиот репрезентативец Тихомир Костадинов

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов успешно е опериран на клиника во Барселона, откако го повреди коленото на натпревар со својот тим „Пјаст Гливице“. Костадинов ги скина предните вкрстени лиаменти на коленото, што се верува дека е најтешката повреда за еден спортист.

Костадинов, кој игра за полскиот прволигаш „Пјаст Гливице“ на натпреварот со „Горник Лечна“, скокна лошо по еден воздушен дуел со противнички играч и ги скина лигаментите на коленото.

По операцијата, Костадинов објави слика од болницата и откри дека се чувствува добро. Откако ќе заздрави коленото, тој ќе мора да оди на рехабилитација која ќе трае 6 до 8 месеци. Тој ќе ги пропушти натпреварите со репрезентацијата до крајот на годината.

Тој лани во ноември, откако Македонија го победи Исланд и се пласираше во баражот за Мундијалот во Катар, на девојка на стадионот „Тодор Проески“ ѝ го подари својот дрес за да ѝ честита роденден.

Фудбалерот Тихомир Костадинов ѝ го даде дресот на девојка која го посака за роденденски подарокн

Scroll to Top