Оперирана Благица Павловска објави фотографија со докторите од болница

Фолк-пејачката Благица Павловска од неодамна е примена во ургентниот центар во болницата „8 Септември“ поради повреда на раката. Откако ѝ беше направена операција објави фотографија со докторите кои ѝ ја оперираа раката. Пејачката вели дека сега е добра и им се заблагодари на сите од траумотологија.

„Најголема благодарност за успешната операција на десната рака и третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски. Благодарност и на мојот животен ангел чувар доктор Вики Толевска. Од срце ви посакувам долг живот и многу успешни операции и насмеани лица. Голем поздрав до сите доктори на траумотологија кои секогаш се спреми да спасат човечки живот“, рече Благица.

За потсетување, Павловска некогаш беше главна за чочеци, музики хитови во секс стил, но подоцна се сврти кон Бога. Своевремено таа беше Хаџипавловска, но подоцна го врати презимето во Павловска. Пејачката често говори за нејзината верба во Бога.

Scroll to Top