Оперскиот пејач Иван Наумовски од Виена ќе одржи бесплатен концерт во Скопје

Македонскиот оперски пејач Иван Наумовски на 16 јуни ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба. Тој од Виена пристигна во Скопје специјално за концертот насловен „Песни од патување“.

Публиката ќе има можност да ги слушне неговите интерпретации на Шуман, Хајдн и Брамс, но и на македонските композитори Начевски, Андовска и Зографски. Наумовски на пијано ќе го придружува Елена Атанасовска-Ивановска.

Наумовски е добитник на голем број награди, признанија и дипломи во Македонија и Европа.

Концертот почнува во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Scroll to Top