Осумгодишниот генијалец Македон освои медал на маѓународен натпревар по математика

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои сребрен медал на меѓународниот натпревар по математика „Математика без граници“. Неговите родители ги објавија резултатите од натпреварот на социјалните мрежи и открија за новиот успех на нивниот син.

Македон е момче кое зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование. Тој има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.

Scroll to Top