Газдата на кафе-барот „Мош“, Методија Динев (41) викендов беше приведен па го задржаа во Полициска станица Центар, по настапот на Владо Георгиев. Мете бил приведен поради гласна музика, но и поради тоа што не постапувал според здравствените прописи за време на епидемија, стои во извештајот на МВР.
По двата бурни викенда, Динев се сврши за неговата девојка Стефанија (28), докторка од Штип. За свршувачката дознавме на Инстаграм, откако беа споделени неколку фотографии.
За потсетување, во петокот по настапот на Владо Георгиев, „Мош“ заработи кривична пријава, а веќе следниот ден беше приведен поради непочитвање на мерките во време на пандемија.