Панчев: Трансферот во Интер беше најлошата работа која ја направив во кариерата

 

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Дарко Панчев во интервју за „Спортал“, рече дека Црвена Ѕвезда тимот за кој настапи во деведесетите имал потенцијал да стане европски шампион и во 92 и 93 година. Интервјуто го направи по повод 100 роденден на порталот.

„Повторно ќе бевме шампиони на Европа, ако немаше санкции. Многумина од нас ќе остане во тимот на Ѕвезда. Ако не станевме во 1992, тогаш сигурно ќе бевме во 1993 година“, рече Панчев кој дополни дека неговиот трансфер во Интер потоа била најлошата одлука која ја направил во неговиот живот.

„Можев да бирам ѝ го избрав најлошото. Тоа е како кога ќе ти понудат четири топ девојки, а ти на крајот ќе ја избереш онаа од која ќе се разведеш. Но, тоа е животот“, рече Панчев.

Во интервјуто зборуваше за сопругата Маја и неговите две ќерки Надица и Марија кои минатата година за првпат дојдоа на Маракана.

„Не сакав да ги замарам. Ни јас, ни мојата сопруга Маја. Ние сме скромни. Не зборуваме многу за нашите кариери. Си рековме дека по некое време, самите тие ќе разберат и дознаат. Дојде ден кога самите побараа да одиме на Маракана, да видат каде татко им играше и даваше голови. Ги видоа пехарите, графитите и потоа почнаа да разбираат дека татко им беше некој и нешто. И тогаш си рекоа, па тато беше многу познат“, рече Панчев.

За потсетување, спортската редакција на „Билц“, со гласовите на читателите го избра најдобриот момент во историјата на српскиот спорт. Од 100 легендарни и незаборавни потези, победи Дарко Панчев и неговиот гол од пенал, со кој во Бари, Црвена звезда ја освои титулата во Купот на европските шампиони.

За неговиот гол гласале 25.000 читатлели.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top