Панчо го исплука министерот за здравство

Панчо од ДНК јавно на својот фејсбук-профил го исплука министерот за здравство,  Венко Филипче, велејќи дека здравството ни е катастрофа, лут затоа што со приоритетен упат чекал речиси два часа за да влезе во ординација кај докторот.

„Имаш приоритетен упат, чекаш точно 1:45 минути и само чекаш, чекаш и чекаш. Здравството ни е ужасно лошо. Огромна благодарност до докторка Маја Кирјас (и нормално чест на исклучоци ) и сосема случајно наидов на една прекрасна докторка на инфективно, д-р Марија, која нè прими веднаш по доаѓање на смена, инаку спас нема. Здравството е катастрофа Венко Филипче“, напиша Панчо.

Scroll to Top