Панчо и Андреј лично на врата ќе ви донесат албум: Не се жалиме, сакаме поддршка

Панчо и Андреј од ДНК, во време кога естрадата е во криза поради забраната за настапи, започнаа на интересен начин да заработуваат од својата музика. Тие велат дека нивниот последен материјал, нивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба. Сите кои живеат во Скопје и ќе ги порачаат, ќе ги добијат лично на рака, до врата, а ќе им ги донсат тие.

“Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучително преку музиката, поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за поддршка на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период”, велат Панчо и Андреј.

Иако имаме 5 албуми, се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод 15-тиот наш роденден”, додадоа ДНК.

Изданијата може да се купат и нарачаат онлајн преку “Фејсбук” фан страницата на ДНК и на приватните профили на Панчо и Андреј.

“Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас. Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе” велат музичарите.

Цените на изданијата се движат од 500 до 1.000 денари.

 

Scroll to Top