Панчо усреќи сиромашна продавачка

„Пред неполн час поминував Тафталиџе и на самата улица веднаш до семафорот седеше една бабичка која продаваше цвеќе. Додека седев на семафорот и чекав да ми се уклучи зелено, ја погледнав и видов чесна жена која седи на 50 степени со празен поглед и полно мака во истиот. Ја поминав, но веднаш закочив па се вратив кај неа.Ја поздравив и прашав колку чинат букетите ? Го крена погледот и тивко ми кажа : Синко само 100-ка, тазе набрани се денес, те молам напрај ми сефте“, вака ја започна својата приказна Панчо од ДНК, за случката која го растажила во скопската населба Тавталиџе, пред некој ден, па реши и да ја сподели.

Вели дека само ја гледал стрицата, и чуствувал дека му е тешко во душата. И реков : „Бабо колку букети имаш ? 8 синко, во ред дај ми ги сите. Молк. Синко сигурен си, тоа е многу пари. Јас и одговорив дека знам но ја излажав дека ми требаат за да не ја навредам или да ме сфати погрешно. Паметна е, веднаш ме провали и ме праша : само кажи ми зошто ? Јас немав одговор и сеуште се вадев дека ми требаат“, раскажува Панчо.

Жената станала да го гушне, од радост, и со солзи во очите, вели Панчо, му рекла дека ова никогаш не и се случило , како и дека не и се верува дека денес ќе си оди порано дома.

„Ми посака убав ден, господ да ме благословел и рече дека ова и е еден од најубавите денови во последните неколку години. 800 денари , повторувам , осумстотини денари, а се радуваше како да и паднало 7-ка на лото. Направете некого среќен верувајте ми нема поубаво чуство“, вели Панчо.

А.Георгиев

Scroll to Top