Пандев: Дадовме сѐ за Мурињо!

By

Еден од хероите на славната тројна титула на Интер, Горан Пандев зборуваше за „Спортвик“ за своите сеќавања од таа сезона со тогашниот европски шампион.

Напаѓачот на Џенова беше прашан дали е поносталгичен за деновите кога играше за Лацио или за Интер и одговорот не изненади.

„Во Интер освоив повеќе работи, но Лацио ми помогна да пораснам како фудбалер и да се покажам во важните натпревари.

Во ЛШ дебитирав со Лацио. 2009 беше тешка година и во јануари заминав за Интер, каде што освоивме сѐ – лигата, купот и Лигата на шампионите“, вели Пандев.

Извор/ТопСпорт

Ќе ви се допадне