Претседателот Стево Пендаровски му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација на Папата Франциск, и тој е првиот кој го има најновиот дрес на македонската репрезентација. Средбата беше денес во Ватикан, а папата во јавноста е познат како голем љубител на фудбалот. Сликите од средбата потоа беа објавени на инстаграм-профилот на претседателот.
„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕУРО20202. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното Европско првенство“, напиша Пендаровски.
Претседателот Пендаровски неколку дена е во посета на Италија, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“