Пејачката Лара Иванова настапи како балерина на годишниот концерт на „Илија Николовски Луј“

Пејачката Лара Иванова настапи на годишниот концерт на балетскиот оддел од средното балетско училиште „Илија Николовски Луј“ во Националната опера и балет.

„Честитки драги наши ученици за вложениот труд и љубовта кон балетската уметност. Со голем успех танцот го пренесовте и презентиравте пред публиката на сцената на Националната опера и балет со заслужено добиените аплаузи. Честитки и на сите наставници на посветеноста и вложениот труд во реализација на концертите“, напишаа од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Лара оваа година беше матурантка, а за матурската вечер беше облечена во креација на македонскиот дизајнер Мите Занов. Облечена во долг фустан со корсет и висок шлиц, пејачката се пофали со фотографија на социјалните мрежи.

Лара во интервју за Репортер изјави дека за нејзиниот изглед се погрижила мајката природа, но и дека телото го држува во фит форма со задолжителните вежби на часовите по балет.

Лара на „Златната бубамара на популарноста“ ја доби наградата за најперспективна пејачка. Таа стана миленик на тинејџерската популација, уште повеќе по хитот „Бела“ кој го отпеа заедно со Пајак на минатогодишниот „Макфест“. Песната стана голем хит не само кај нас, туку и во регионот. Се споделуваше на социјалните мрежи низ цел Балкан. Па дури и оние кои не го познаваат македонскиот јазик, ги натера да го научат и да ја пеат „Бела“ во видеа на Инстаграм и Тик ток.

„„Бела“ е дефинитивно песната која ни донесе најголем успех и мене и на Пајак. Најмногу се радувам што песна на македонски јазик влезе на трендинг низ целиот Балкан и достигна толкава слушаност. Благодарна сум и бескрајно ми значи целата поддршка што ја добивме и што ја добиваме од публиката, медиумите, артистите и сите колеги од шоубизнисот“, рече Лара за Репортер.

Scroll to Top