Пендаровски ги одликуваше Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски им додели Орден за заслуги на Република Македонија на Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска.

Легендарата актерка Милица Стојанова е одликувана за нејзиниот фундаментален придонес во основањето на македонскиот театар, како и за развојот и афирмацијата на македонските театар и филм. Таа е втемелувач на современиот македонски театар со одиграни  139 улоги на театарските сцени, околу 200 улоги во радио-драмското студио, дваесетина ТВ драми, 15 ТВ серии, 17 филмски остварувања.

Милка Ефтимова е наградена за исклучителниот и траен придонес во развојот на оперското пеење и за својата педагошка активност, а олимписката вицешампионка од 1988, Стојна Вангеловска, за нејзините врвни резултати во кошарката како играч и тренер.

„За нивната апсолутна посветеност и љубов кон професијата и постојан стремеж кон поубаво и подобро. Нивните постигнувања во актерството, оперското пеење и кошарката се парадигма за сегашноста и репер за иднината“, рече Пендаровски.
Факултеот за драмски уметности, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ и Турскиот театарот го примија признанието Повелба на Република  Македонија.
Фото: Фејсбук на претседателот Стево Педаровски
Scroll to Top