Пендаровски се сретна со европската шампионка во стрелаштво, Оливера Накова-Биковска: Нејзините успеси се инспирација за целата нација

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која пред неколку дена стана европска шампионка во стрелаштво на првенството што се одржа во Хамар, Норвешка.

Пендаровски ѝ честита за постигнатиот успех и рече дека тоа што го постигнала е гордост за целата нација, но и инспирација за сите млади спортисти во Македонија.

„Честитки за Оливера Наковска-Бикова за освоениот златен медал на Европското првенство во стрелаштво. Особено радува фактот што таа го повтори својот успех 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година и ја надополни импресивната листа на своите спортски достигнувања на државно и на меѓународно ниво, меѓу кои е и освоениот златен медал на Параолимписките игри 2012 година во Лондон.
Успесите на Наковска-Бикова се инспирација за целата нација“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ и објави неколку фотографии од средбата.

На средбата со претседателот на државата, Наковска-Бикова ги престави и плановите за своите идни настапи.

Scroll to Top