Поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, гопродава дресот од Федербахче на аукција, а парите добиени ќе ги донира за настраданите во земјотресите во Турција.
Антиќ беше дел од клубот Федербахче, клуб со кој успеа да стане европски првак. Дресот кој ќе се најде на аукција, Антиќ го носеше во финалето против Олимпијакос.
Во оваа акција на Антиќ ќе му помогнат Волкан Демирел и Мелих Махмутолгу, со цел да се помогне на погодените делови од оваа земја.