Перо Антиќ повторно e избран за претседател на кошаркарската федерација

Перо Антиќ повторно e избран за претседател на кошаркарската федерација. Со 40 гласа „за“ и еден „против“, делегатите денес на Изборното собрание во „Александар Палас“, му ја дадоа поддршката за уште еден мандат од четири години.

Антиќ рече дека првата цел ќе биде да осигура спонзор кој ќе им помогне на прволигашките клубови.

„Ветувам дека ќе работиме уште понапорно во периодот кој што следува. Веќе работиме на тоа да обезбедиме нови спонзори. Верувам дека ќе бидете пријатно изненадени, посебно прволигашите. Конечно, онака како што беше поставено во програмата, ќе добиеме спонзор на првата машка кошаркарска лига. Клубовите ќе бидат ослободени од доста трошоци и очекувам дека тоа ќе биде официјализирано за три-четири дена“, рече Антиќ.

 

Scroll to Top