Перо Камиказа го истрча маратонот во Даблин

Музичарот и член на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, го истрча маратонот во Даблин и таму првпат се вееше македонското знаме.

Перо се пофали на социјалните мрежи за успехот и пласманот што го постигнал. Таму е со неколкучлена екипа, со која заедно трчаше.

 

„Падна Даблин. Ние вака си ја сакаме државата. И, да, првпат се вееше нашето знаме на маратонот во Даблин“, напиша Камиказа на „Фејсбук“.

 

 

Scroll to Top