Пет години љубов Мартин и Андреа

Мартин Филиповски од дуетот „Некст тајм“  и ракометарката Андреа Белеска слават пет години од нивната љубовна врска.  Познатиот музичар објави фотографија на инстаграм-профилот на која е заедно со Андреа. Тој често споделува заеднички слики со девојката, од нивните одмори  кога одат заедно да вежбаат во фитнес-сала. По објавата дека слават пет години љубов, прв кој им посака среќа е неговиот брат близнак Стефан. Тој, пак, е во врска со манекенката Маја Ристеска.  Неодамна  во разговорт за „Репортер“ откри дека е во љубов, но дека не сака многу да зборува за тоа.

 

 

 

Scroll to Top