Петар Грашо во Маврово: концерт за паметење на кој паѓаа бакнежи, прегратки, многу љубов и се пееше во еден глас

Хрватската поп- ѕвезда Петар Грашо викендов имаше незаборавен концерт во Маврово кој се одржа во Ле Гранд Арена. Во преполната сала тој ги пееше своите најголемите хитови, а публиката буквално уживаше во одлична атмосфера и добра енергија.

Снегот кој предходно падна во Маврово, само ја направи атмосферата пороматична. А, внатре во арената, се пееше во еден глас, паѓаа бакнежи, прегратки, љубов….ѝ се тоа со добра музика и по некоја чашка алкохол.

И овој пат како и на скопскиот концерт доминраа жените кои во еден глас ги пееја хитовите на најпопуларниот музичар во регионот.

Се редеа безвременските “Уторак“, “Ко нам брани“, “Волим и постојим“, “Ако те питају“. Во музичкиот репертоар на Грашо не изостанаа ниту големите хитови на Оливер Драгојевиќ како „Недостајеш ми ти“, „Два пута сан умра“ и еврегринот „Цесарица“.

Публиката пееше и играше со него до крај на концертот. Ги забележавме во публиката и политичарите од СДСМ, премиерот Димитар Ковечвски и поранешната министерка Радмила Шеќеринска.

За настапот на Грашо уште долго ќе се зборува. Ноќ за паметење и дружба со пријателите, се само дел од коментарите на оние кои беа на концертот.

Настапот на Петар Грашо е рамките на Mavrovo Sound & Culture. 

А. Георгиев

 

Scroll to Top