Петар Маниќ е најдобар млад актер на Филмскиот фестивал во Севиља

Младиот актер Петар Маниќ ја доби наградата за најдобар млад актер на Меѓународниот филмски фестивал за независни фимови во Севиља- Шпанија ( SEVIFF). Наградата му е доделена за улогата на Никола, во филмот „Стела”, кој го режирше Стојан Вујичиќ, а во продукција на „Дрим Фектори“.

Оваа награда е петта по ред што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на македонската кинематографија во целост, потенцираат од „ Дрим Фектори“

Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца, е вклучена меѓународна екипа. Главен лик е младата шарпланинка Стела. Лауреатот Маниќ за прв пат се појавува на филм, а во него играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада.

Сценариото е на Ева Камчевска. Филмот доби финансиска подршка од Агенцијата за Филм на Република .Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд „Баден Вунтерберг“ од Штутгарт, Германија.

Scroll to Top