Петрушевски загинал додека заварувал на метална скала

Вчера во селото Орешани, од струен удар загина актерот Ванчо Петрушевски. Актерот загинал додека заварувал качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки. Го удрило струен удар и тој починал на лице место. Ванчо во вилата во Орешани, често одел, особено во летните месци, каде што доаѓал да се одмори од обврските и градската гужва. Полицијата и официјално ја соопшти причината за смртта на познатиот актер. Ванчо Петрушевски загина на 67 години, а зад себе има голема актерска кариера.

Scroll to Top