Фолк пејачкта Елена Велевска реши да сподели еден од своите омилени рецепети за читателите на „Репортер“. Вели дека е нешто многу лесно, а сепак, здрав оброк за сите.
Пилешка супа со зеленчук. Рецептот на Елена оди вака:
Во теџере ги варите пилшеките копанчиња (4-5), а кога ќе зоврие првата вода ја истурате и ставте топла вода заедно со копаните. Додека тие се варат, ги подготвуваме намирниците: 4-5 моркови, 1 целер, 3-4 компири, сите излупени и изрендани.
Кога ќе се свари месото, ги вадиме копанчињата и го чистиме месото од нив на ситни парчиња. Во истата вода го додаваме месото и изренданиот зеленук со зачини, вегета, црн бибер, сол и ситно исецкан магадонс, се ства и фиде по желба.
Оваа супа секогаш може да ја направите, лесна е и едноставна, а и децата ја сакаат, вели Елена.