Емилија Розман, сè уште актуелната Мис на Македонија, пред два дена победи на изброт „Мис интернационал туризам“ во Бугарија. Розман својата прва меѓународна победата му ја посвети на татка си, кој почина пред неполна година.
„Кога ме прогласија за Мис почнав да плачам. Измешани емоции ме облеаја. Плачев малку од среќа што победив, малку од тага дека не можам да се јавам кај татко ми, што ни беше традиција по секој избор. Оваа победа, како и сите други во мојот живот, му ја посветувам нему. Тој, за жал не успеа да види како победувам на некој избор. Ама се надевам дека гледа од некаде и се радува за мене. И секако, тука беше мајка ми, да ме теши и да се радува“, рече Емилија за „Репортер“.
На изборот во Свети Влас, Бугарија, учествувале 30 девојки од целиот свет. Емилија ни раскажа дека од самиот почеток неколку девојки биле фаворитки, а меѓу нив и таа.
„Кога ги прочитаа првите две придружнички,Украина и Италија, очекував да победи Молдавија. Искрено, се шокирав кога го слушнав моето име. Тогаш почнав да плачам“, додава Розман.
Розман вели дека овојпат многу поспремна од порано заминала на изборот.
„Бев подготвена и физички, ама и психички се спремив да немам никакви очекувања, зашто по природа сум многу емотивна и плачка“, вели таа.
На изборот во Бугарија, Емилија заминала преку нејзиниот национален директор Робер Граматиков. Девојките се претставуиле во бикини, национални костуми и во вечерни фустани.
(А. Јовановска)