Планинар од Кочани го искачи опасниот планинаски венец Памир, а тројца членови од експедицијата починале

Зоран Николов планинар и член на планинаскиот клуб „Осогово“ од Кочани го искачи планинаскиот венец Памир, кој што се вбројува меѓу највисоките во светот и е дел од Западните Хималаи.

Како единствен учесник на 12 – дневната експедиција, во исклучително тешки услови Николв се искачи на неколку врвови високи над 5.000 и 6.000 метри.

Дел од врвот Памир се наоѓа во Таџикистан, а искачувањето било реализирано од соседната држава Киргистан.

Потврда за лошите временски услови, но и за опасниот терен со големи и опасни процепи на ледници животот го загубиле тројца членови од екпедицијата.

Памир е еден од најголемите предизвици за планинарите од целиот свет, а кочанскиот планинар е меѓу ретките во државата кои искачиле врвови над шест илјади метри.

Како подготовка за овогодишната експедиција, Николов минатата година го искачи врвот Арарат, кој со своите 5.137метри е највисок во Турција.

Scroll to Top