По долги години желба да стане мајка, Татијана Стефановска се породи со ќерката Ана

Фолк-пејачката Татијана Стефановска и нејзиниот сопруг Митко Бежановски станаа родители. Татајна се породи со ќерката Ана.

Убавата вест ја сподели Стефановска која подолго време се бореше да стане мајка.

Таа сподели фотографија на социјалните мрежи, а под истата напиша емотивна посвета.

„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка. Ана! Господ секаде да дава ваква радост!“, напиша Стефановска во објавата.

Ова е прв брак за Стефановска, додека за музичарот Межановски ова е втор брак од кој има и син.
Scroll to Top