По два сина, фудбалерот Давид Бабунски доби ќерка: Нашата Алина пристигна порано

Фудбалерот Давид Бабунски стана татко. Неговата сопруга Катарина се породи, во Белград, Србија. Ќерката доби име Алина и ова е трето дете на фудбалскиот репрезентативец, кој веќе има два сина. Мајката и бебето се чувствуваат добро, а породувањето поминало во најдобар ред.

„Нашата ќерка Алина пристигна денес. Порано од очекуваното, но перфектно здрава, силна и убава. Донесе голема среќа и љубов во нашето семејство“ – вели Катарина која сподели и фотографија.

Катерина и Давид се неколку години во брак. Се запознале преку заеднички пријатели во 2016-та, набрзо почнале да живеат заедно, а веќе следната година заминаа во Јапонија и таму се венчаа. Двојката сега има три деца.

Scroll to Top