По операциите и битката со туморот, Александра Шијакоска облече розово и пак се врати на „Инстаграм“

Инфлуенсерката Александра Шијакоска објави фотографија во розев костум и бели патики. Oва е прва фотографија од неа откако се врати дома, по четири операции поради тумор на глава.

По неколку месеци откако на нејзиниот профил можеа да се забележат видеа и фотогрфаии од нејзиното опоравување, ова е прва фотографија на која таа позира во модната комбинација која ја одбрала додека била во болница.

„Една од омилените работи во болница. Да нарачувам работи кои не сум сигурна дали ќе има кога да ги носам. Оделото си го нарачав уште првиот пат со надеж дека ќе го носам штом си одам дома и штом сум подобра. Иако се се одложи за месец – два се надевам дека доаѓаат подобри времиња“, напиша инфуенсерката.

Александра ја покажа и нејзината нова фризура, косата ќе на носи на една страна поради операцијата.

Таа напиша и дека ја очекува тежок период на опоравување како и терапија и редовни контроли кои мора да ги помине, но и дека овој пат ќе биде посилна и поспремна.

Scroll to Top