По подолго време, Калиопи вечерва ќе има концерт пред домашната публика

Македонската пејачка Калиопи по пет години, вечерва ќе одржи концерт во Велешкиот театар.

dobivaj vesti na viber

Пејачката ќе ги отпее песните кои и ја одбележаа музичката кариера. Составот со кој настапува е истиот со кој настапува во последните седум години.

Ова ќе биде прв концерт на Калиопи во Македонија по подолго време и по бројните концерти што ги одржа изминативе години во регионот.

Концертот на Калиопи ќе се одржи на големата сцена „Петре Прличко“, со почеток во 20.00 часот. Влезниците се во продажба на билетарницата на театарот.

Scroll to Top