„По смртта на брат ми, времето не ја излечи тагата“, Пеце од „Суперхикс“ прозборе за загубата

Фронтменот на составот “Суперхикс“, Петар Младеновски заедно со бендот неодамна ја промовираа новата песна  „Ана“.  Интересно е тоа што во видеото, тој и челановите од бендот, глумат сека се восочни фигури, а се се врти околу љубовта кон една  Ана. Освен што откри детали поврзани со песната и видеото, Пеце прозборе и за болката после смртта на неговиот брат кој го изгубил пред околу 12 години.

„Времето не лечи ништо, тоа е лага. Во една прилика изјавив дека музиката ми помага полесно да ја надминам тагата, и навистина е така. Брат ми почина од канцер, од тогаш сум бил дел од многу акции поврзани со кревање на свеста за оваа болест, бев дел и од кампањата на „Борка“. Таков е животот, мораш да научиш да живееш со загубите, рече Пеце во “Бекстејџ“. Тој е во брак со актерката Ели Кличаровска -Младеновска и ги имаат децата Никола и Маша.

Scroll to Top