По три операции заради тумор на главата изгубив волја за живот: Александра Шијакоска повторно закрепнува

Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска, која се оперираше од тумор на главата, по повеќе од еден месец во болница, конечно е дома и се чувствува добро. Во својата најнова објава на Инстаграм, Александра откри дека во изминатиот месец ѝ биле направени уште две операции, но дека вториот зафат го прифатила многу тешко. Сега, повеќе од два месеца откако почна нејзината голгота, таа се чувствува подобро и вели дека наскоро ќе раскаже што ѝ се случувало изминатиов период, а им се заблагодари на сите и за поддршката што ѝ ја давале.

Александра во февруари првпат кажа дека ѝ е откриен тумор на главата кој ќе мора да се оперира. Првата операција ја направи една недела пред својот 29. роденден и иако мислеше дека сè е во најдобар ред, таа пак беше хоспитализирана, а од болницата откри дека опоравувањето не одело онака како што се надевала. Сега, скоро еден месец по последната објава, Шијакоска преку Инстаграм раскажа дека ѝ биле направени уште две операции.

„Мислам дека ви сум должна неколку сториња. Знам дека сте загрижени за мене. За жал ништо не се одвиваше како што очекувавме и многу работи се искомплицираа па морав да останам во болница скоро месец. Спремна бев за еден, а ми беа направени три оперативни зафати на главата од кој последниот ми беше најтешко да го прифатам. Се изморив и изгубив волја за живот. Колку и да си позитивен и да го сакаш животот по месец во болница се губи секаква смисла. Уште сум многу слаба и тешко ми е да се движам, ама конечно сум дома, закрепнувам и се молам никогаш да не се повтори. Да не видам болница веќе“, вели таа во објавата.

Шијакоска вели и дека ѝ недостига дружењето и комуникацијата со нејзините следбеници на социјалните мрежи, но дека наскоро ќе се врати на старите навики и постови од секојдневниот живот.

„Знам дека сите ме чекате да се вратам назад. И вие мене ми недостигате. Не стигнувам да ги прочитам сите пораки, ама одвај чекам да се вратам и да си биде сè како порано. Уште се трудам да сфатам зошто секогаш мора да го извлечам најдебелиот крај, ама среќа преживеав па имам цел живот пред мене за да откријам,“ вели таа.

Александра Шијакоска повторно хоспитализирана: по операцијата, закрепнувањето не оди по планот

Scroll to Top