Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години вчера во Скопје почина Данчо Чевревски, македонскиот театарски и филмски актер и продуцент.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои: „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“…

Добитник е на повеќе награди во текот на својата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот.

Scroll to Top