Почина Александар Сарев кој ја испеа антологиската песната „Каде сте Македончиња“

Почина македонски пејач Александар Сарев, кој прв ја испеа песната „Каде сте Македончиња“. Сарев почина вчера во Скопје на 86 години, информира неговото семејство.

Александар Сарев е роден на 20 февруари 1936 година. Во богатата своја музичка кариера, најпознат беше откако во 1987 година на Фолк фест Валандово, за првпат ја изведе антологиската песна „Каде сте Македончиња“. За оваа изведба на Сарев, креаторот на песната Бранко Ѓоргиевски – Кецовски во една своја изјава рече:

„Изборот за изведба на песната падна на веќе реномираниот и искусен пејач Александар Сарев, кој песната ја отпеа маестрално и многу, многу трогателно“.

Погребот на Сарев ќе се одржи денеска.

Scroll to Top