Почина диџеј Кирил Чипурески на 44 години

На 44 години денеска ненадејно почина диџеј Кирил Чипурески од Битола. Веста за неговата смрт ја објави менаџерот Васко Павлевски, сопственик на „Горила продукција“. Тој со неверување се прости од својот пријател и соработник.

„Другар почивај во мир. Заедно од Богданци до Тетово, од Струга до Каменица, безброј светски имиња, фотосесии, ти си кум на нашето ‘Фреш јунион’, многу пати беше и дизајнер, беше диџеј, беше продуцент, вршеше преводи по граници кога светски диџеи немаа виза, многу пријателства, многу журки, многу голем придонес за промоција на Битола и Македонија. 20 години заедно не беа доволни за да раскажеме сè! Се гледаме таму горе Чипур“, напиша Павлевски.

Scroll to Top