Почина Драган Вучиќ

Утрово почина водителот Драган Вучиќ. Веста ја потврди неговиот син, Мартин Вучиќ. На социјалните мрежи веќе почнаа да се простуваат од него неговите блиски, роднини, фанови, пријатели.

Тој претходниве денови бил во тешка здравствена состојбата хоспитализиран на Инфективната клинка во Скопје,  откако му бил дијагностициран коронавирусот. Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка.

Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк групата „Кода“. Тој ја компонираше песната Make My Day, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 2005. Беше во брак со Весна Вучиќ.

 

 

Scroll to Top