Утрово, по кратко боледување, на 59 години, почина еден од најпознатите скопски угостители, Мирко Голомеиќ, сопственик на култната кафеана „Мирко 919“ и на сите угостителски објекти под брендот „Рагуза“. Тој беше ангажиран и како главен готвач на папата Франциско за време на неговата посета на Скопје.
Голомеиќ починал утрово во приватна клиника во Скопје кога пред неколку дена му се откачил тромб и паднал во кома, открија за „Репортер“ блиски пријатели на семејството.
Веста за смртта на познтиот угостител ја потврди и неговиот син.
„Секогаш ќе те паметиме како насмеан, позитивен и енергичен човек, полн со живот. Почивај во мир“, напиша тој на „Фејсбук“.