Благој Истатов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, почина утринава на 71- годишна возраст.
Во кариерата Истатов ги бранеше боите на Беласица, Победа Прилеп, Партизан и Утрехт. Се проба и во тренерските води како прв човек на клупата на Беласица и уште неколку други македонски тимови.
Во еден период беше и тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија. Пред неколку години, во Дојран, ја основа фудбалската школа „Истатов“. Погребот на Благој Истатов ќе се одржи утре, во 13 часот, во Струмица.