На 67-годишна возраст почина актерот Митко Апостоловски. Познат по улогите во македонските народни приказни, но и по улогите во македонската кинематографија.
Тој глумеше во македонските филмови „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Умри машки“, „До балчак“, „Последниот Македонец“, „Лазар“ и други.
Највпечатлива улога имаше во филмот „Трето полувреме“ со ликот на Димитрије.
Апостоловски е роден на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, отсек драмски глумци, од 1973 до 1974 година работи во Народниот театар во Битола, а од 1980 до 1995 во Народниот театар во Куманово. Актерот од 1995 година се враќа во матичната куќа во Битола.