Почина легендарната пејачка Нина Спирова

Македонската пејачка легенда Нина Спирова почина денеска на 82-годишна возраст.

Нина Спирова, која е родена на 26 октомври 1938 година, има учествувано на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери.

Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТ, од кои повеќето се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн.

Како еден од вечните евергрини, е хитот „Еден бакнеж“ во придружба на Македонската филхармонија. Безвременска песна, со која таа учествуваше  на фестивалот „Опатија“ во 1962 година и ја освои првата награда. Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена на почетокот на 80-тите години.